Приведени неколку лица во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер“
- За време на последната вечер од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, синоќа, приведени биле неколку лица за нарушување на јавниот ред и мир, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 9 септември 2024 (МИА) - За време на последната вечер од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, синоќа, приведени биле неколку лица за нарушување на јавниот ред и мир, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во 23:40 часот, полициски службеници ги привеле Б.Ј., 34-годишно лице од Велес и К.С., на возраст од 27 години од Кавадарци, затоа што на улица „Борис Кидрич“ го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Рано изутринава, во 02.50 часот, полициски службеници ги привеле М.Р., 18-годишно лице и Л.Р., на возраст од 19 години, двајцата од Прилеп, затоа што на градскиот плоштад во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со кршење на предмети и агресивно однесување кон други присутни лица.
Приведен бил и Г.П., 36-годишник од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, додека преземале службени дејствија.
По документирање на настаните, како што појаснуваат од СВР - Велес, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. свд/аа/
Фото: МИА архива