• понеделник, 23 декември 2024

Приведени крадци, украденото возило ќе биде вратено на сопственикот

Приведени крадци, украденото возило ќе биде вратено на сопственикот

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода Р.К.(38) од Скопје и О.А.(18) од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец.

Како што информираа од МВР, возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава.

- Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик, соопштија од МВР. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан