• вторник, 02 јули 2024

Приведени крадци во Tетовско

Приведени крадци во Tетовско

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - На регионалниот пат Тетово – Скопје, вчера околу 17 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово, соопштија денеска од МВР.

- Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“. Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово, се наведува во соопштението.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави. цр/са/

Фото: МИА архива

 


 
 

Остани поврзан