• сабота, 21 декември 2024

Приведени две лица осомничени за обид за изнуда на наводен долг од 50 000 евра 

Приведени две лица осомничени за обид за изнуда на наводен долг од 50 000 евра 

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Во Скопје вчера биле лишени од слобода Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од скопското село Арачиново поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ.  Тие, како што соопшти МВР, се сомничат дека во текот на месецов во неколку наврати од лице од Скопје се обиделе да изнудат 50.000 евра како наводен долг кон еден од приведените.

-Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР. лв/

фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан