• понеделник, 23 декември 2024

Приведени двајца скопјани поради тешки кражби во станови

Приведени двајца скопјани поради тешки кражби во станови
Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) - Приведени се двајца скопјани кои во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, а на првопријавениот му е одреден и притвор. МВР информира дека СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднеле кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба на дрзок начин“. -Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, вчера биле извршени претреси во нивните домови. При претресите биле пронајдени и одземени повеќе предмети поврзани со кривичните дела меѓу кои и платежни картички во сопственост на оштетени лица, велат од МВР. Тие биле приведени во полициска станица, а на првопријавениот му бил одреден и притвор од судија на претходна постапка.ир/дма/

Остани поврзан