Приведени двајца млади охриѓани во ноќен клуб поради поседување кокаин
- Двајца млади охриѓани рано изутринава биле приведени во ноќен клуб поради кокаин, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Двајца млади охриѓани кај кои е пронајден кокаин рано изутринава биле приведени во ноќен клуб во Охрид, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
- Во 01.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е Х.П., на возраст од 29 години. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. Во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е 31-годишниот Г.Ш., затоа што кај него полициски службеници пронајдоа кокаин, се појаснува во соопштението.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/ев/
Фото: МИА архива