• сабота, 29 јуни 2024

Приведени двајца дилери од Струмица

Приведени двајца дилери од Струмица

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Двајца дилери на дрога од Струмица се приведени вчера, а при претресот извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана, стебла од канабис, дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени П.К.(36) и К.К.(40). Во домот на П.К. во село Банско каде привремено престојувал биле пронајдени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети, додека при претрес во нивниот дом во Струмица, во кој бил затекнат К.К., биле пронајдени одземени марихуана, две дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана, воздушна пушка „Гамо“ и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан