• петок, 22 ноември 2024

Приватните специјализанти на протест за повисоки плати и регулирање на работниот статус

Приватните специјализанти на протест за повисоки плати и регулирање на работниот статус

Скопје, 27 март 2024 (МИА) – Приватните специјализанти денеска во 11 часот ќе одржат мирен протест пред Министерството за  здравство со барања за покачување на месечен надоместок, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус, најави Здружението на лекари специјализанти.

Како што информираат од Здружението, нивните барања до министерот за  здравство се покачување на месечниот надомест којшто,  како што посочуваат, сега е 26 000 денари на ниво на моментална просечна плата во државава и понатамошно усогласување на нивната плата со просечната плата во државата.

Здружението бара  сите приватни специјализанти да добијат здравствено осигурување и да им се регулира работниот статус, бидејќи, како што наведуваат, во моментов се водат како невработени лица, со договор на дело, без стаж во тек на шест години специјализација. ар/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан