• среда, 13 ноември 2024

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Рибеиро го посети АВМУ

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Рибеиро го посети АВМУ
Скопје, 14 септември 2022 (MИА) - Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн, директорот на Канцеларијата на претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Јирген Хајсел и помошник-офицерката за истражувања Шејла Јусуфовиќ вчера остварија работна средба со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Рибеиро, како што информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се интересираше за предизвиците со кои се соочува Агенцијата во нејзиното работење од аспект на финансирањето и доцнењето на изборот на новите членови на Советот, идните активности за хармонизација на медиумската регулатива со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и инволвираноста на регулаторното тело во овој процес. На средбата, како што се наведува, се разговараше и за состојбата во медиумската сфера. мд/ац/

Остани поврзан