• вторник, 24 декември 2024

Претставници на Националното студентско тело на средба во собраниската Комисија за образование

Претставници на Националното студентско тело на средба во собраниската Комисија за образование

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт оствариле средба со претставници на Националното студентско тело на која дискутирале за барањата за унапредување на студентскиот стандард и за подигнувањето на квалитетот во високото образование.

-Беа разгледани нивните барања за подобрување на условите за живот на студентите и за потребата од квалитетно образование како влог во развојот на државата на која и се потребни стручни и висококвалификувани млади луѓе, соопшти Комисијата. 

Како што наведува, присутните биле согласни „овие средби да продолжат со цел да се изнајдат најквалитетните решенија за вакви значајни прашања“. хс/ац/

Фото: Комисија за образование, наука и спорт во Собрание на РСМ

 

Остани поврзан