• среда, 26 јуни 2024

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон

Претставници на МОН на Светскиот образовен форум во Лондон

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз образовната трансформација е главна тема на годинешниот Светски образовен форум (19-22 мај) кој традиционално се организира во Лондон, а на кој присуствуваат и претставници на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, информираат од МОН.

Делегацијата која ја претставува нашата земја, предводена од Шпетим Љатифи, посебен советник во кабинетот на министерот за образование и наука, според најавите, активно ќе учествува во сите сесии и дискусии предвидени во агендата на овој најголем собир на креатори на образовни политики. 

-Размената на искуства со голем број развиени и земји во развој е од особена важност за Северна Македонија, имајќи предвид дека токму во тековниот период во нашиот образовен систем се спроведуваат најкрупните реформи досега, особено во делот на основното образование. Во таа насока, веќе се остварени низа формални и неформални средби со претставници на министерствата за образование на земјата домаќин и повеќе други европски земји, со претставници на Сингапур и Јапонија, како и со високи претставници на Британскиот совет, меѓу кои и директорката за Западен Балкан, Клер Сиарс, се вели во соопштението од МОН. 

Покрај влијанието на вештачката интелигенција врз развојот на глобалното образование, на форумот  треба да се дискутира и за унапредување на едукацијата за климатските промени, а меѓу поважните теми ќе биде и афирмацијата на стручното образование и обука и подготовката на младите со потребните вештини за да одговорат на предизвиците на иднината. сст/дма/

 

Фото: МОН

 

 

Остани поврзан