• четврток, 25 април 2024

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурација на турскиот претседател Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурација на турскиот претседател Ердоган

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара, информираат од Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара. сх/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан