• вторник, 02 јули 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Скопје, 27 септември 2023 ( МИА) -  Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили.

Пендаровски во своето обраќање изрази очекување дека амбасадорoт со својот професионален ангажман ќе придонесе за натамошно унапредување на севкупните односи меѓу двете земји и поинтензивна економска соработка, за што постои солидна основа.

-Грузија е пријателска земја со која делиме слични приоритети и погледи, а Вашата приврзаност кон европските и евроатлантските интеграции претставува дополнителен поттик за уште посодржајна соработка во периодот што претстои.  Денес, кога во Европа повторно се соочуваме со трагичен воен конфликт, потребата од поголема меѓународна соработка и солидарност е актуелна можеби повеќе од кога било порано. Верувам дека без оглед на нашата големина како држави, Северна Македонија и Грузија ќе продолжат да го даваат својот придонес за обезбедувањето на мирот, демократијата, човековите права и економската благосостојба, како универзални вредности кон кои и двете земји се приврзани, истакна претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Бердзенишвили на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази подготвеност да придонесе за унапредување и развој на пријателските односи меѓу двете земји. љм/дма/

Фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

 

Остани поврзан