• недела, 07 јули 2024

Претседателот Пендаровски во Ново Село ќе учествува на форум за зајакнување на општинските совети

Претседателот Пендаровски во Ново Село ќе учествува на форум за зајакнување на општинските совети

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе учествува на третата сесија на Форумот во заедницата во Општина Ново Село што се реализира во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“.

На настанот, освен претседателот Пендаровски, обраќање ќе имаат и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорија, како и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

Активноста Форуми во заедницата се реализира во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. сх/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан