• петок, 05 декември 2025

Претседателот на СМИР, Пајкоски, на средба со Котлар, директорка на Државниот архив

Претседателот на СМИР, Пајкоски, на средба со Котлар, директорка на Државниот архив

Дебар, 10 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), Љатиф Пајкоски остварил средба со Наташа Котлар, директорка на Државниот архив.

-Остварив многу конструктивна и корисна средба со директорката на Државниот архив на Македонија, професорката Наташа Котлар. Се согласивме дека овој дел на македонскиот народ претставува важен фактор во зачувување и негување на македонскиот јазик, култура, традиција и обичаи, објави Пајкоски на Фејсбук.

Додава дека било констатирано дека загрижувачки се процесите на масовно иселување, со оставање на празни села, особено во реканско-дебарскиот регион, како и струшки Дримкол.

-Веруваме дека институциите во периодот кој претстои ќе покажат поголем интерес и за ова население, но  за регионите во кои живее, наведува тој.

Пајкоски, кој е со постојано живеалиште во долнореканското село Жировница, неодамна имаше средба и со директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов.

Меѓу другото на оваа средба размениле мислења за теми кои значат вклучување на иселениците од реканско-дебарскиот регион во програмските активности на Агенцијата, како и на иселениците во Република Турција.

Била истакната важноста, во текот на летниот период, да се организира средба во реканскиот крај со претставниците на иселеничките организации по потекло од Река, а се согласиле е потребно да се работи на зајакнување на врските со Македонците кои живеат во Република Турција. вт/сст/

 

Фото: Пајкоски ФБ

 

Остани поврзан