• петок, 05 декември 2025

Претседателот на СМИР, Пајкоски, на средба со Ангелов, директорот на Агенцијата за иселеништво

Претседателот на СМИР, Пајкоски, на средба со Ангелов, директорот на Агенцијата за иселеништво

Дебар, 22 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), Љатиф Пајкоски остварил средба со директорот на Агенцијата за иселеништво,  Горан Ангелов.

-На оваа многу конструктивна средба разменивме мислења за теми кои значат вклучување на иселениците од реканско-дебарскиот регион во програмските активности на Агенцијата, како и на иселениците во Република Турција, информираше Пајковски.

Исто така станало збор и за посета на здруженијата во Италија и другите европски земји, како и на здружението во Маниса и други градови во Турција.

-На средбата посебен акцент ставивме на соработка помеѓу двете институции, како и за поголемата вклученост на иселениците од Македонија со исламска вероисповест, додава Пајкоски.

Посочува дека била истакната важноста, во текот на летниот период, да се организира средба во Реканскиот крај со претставниците на иселеничките организации по потекло од Река. 

Исто така и двете страни се согласиле дека е потребно да се работи на зајакнување на врските со Македонците кои живеат во Република Турција. вт/аа/

Фото: Пајкоски ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан