• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

Претседателката Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конститутивната седница на Советот за млади, што е формиран како повремено работно тело со цел да ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите во насока на унапредување на нивната положба во општеството, информираат од кабинетот на претседателката.

Во обраќањето, претседателката оценила дека Советот отвора уште една порта за младите, како можност да се чујат нивните мислења, да критикуваат и советуваат. Потенцирајќи ја стручноста и компентеноста на членовите, таа посочила дека Советот има човечки и творечки потенцијал да придонесе во креирање на младинските политики преку своите активности, идеи и предлози.

-Посочувајќи дека сите ние треба да се грижиме за младите и да ја направиме државата пристојно место за живеење, таа ја потенцираше неопходноста да го спречиме егозодусот на младите, со тоа што битката за најумните и најобразованите ќе ја водиме овде.„Само ако ја управуваме сегашноста ќе може да влијаеме на иднината. Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите“, порача претседателката на седницата на Советот, се вели во соопштението. 

Таа ги охрабрила членовите на Советот отворено да разговараат и дискутираат за проблемите и предизвиците со кои се соочува општеството, да изнаоѓаат креативни решенија и даваат предлози за нивно надминување.

На конститутивната седница биле усвоен Деловникот за работа и било дискутирано за идните настани и активности. 

Претседателката на Советот за млади, Лина Рангелова, изразила очекување дека Советот ќе има суштинска улога и дека заеднички ќе изградат простор каде нивните идеи ќе се претвораат во дела. Членовите се заблагодариле за можноста, укажаната чест и доверба да бидат дел од Советот за млади и изразија подготвеност да придонесат во креирање на квалитетни младински политики. сст/аа/

 



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан