• вторник, 26 ноември 2024

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими азербејџанскиот амбасадор Касијев

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими азербејџанскиот амбасадор Касијев

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска го примила амбасадорот на Република Азербејџан, Камил Касијев. Како што информира нејзиниот Кабинет, на средбата се разговарало за продлабочување и унапредување на билатералните односи во различни сфери што се од заемен интерес за двете земји.

-Во тој контекст, претседателката Сиљановска-Давкова посочи дека покрај другите облици на соработка, размената на посети на високо ниво меѓу двете земји може да придонесе за интензивирањето на билатералните односи и политичкиот дијалог. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека двете земји имаат богато културно наследство и долга историја со коишто може да се постигнат солидни резултати во областа на туризмот. Таа додаде дека со зајакнување на соработката во оваа област и преку прикажување на нашиот туристички потенцијал, може да се отвори патот за зголемена туристичка размена и меѓусебно разбирање, информира Кабинетот на претседателката. 

Сиљановска-Давкова го изразила и нашиот интерес за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, „особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзифицирање на изворите за снабдување со енергенси“. хс/дма/

Фото: Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија 

 

Остани поврзан