• вторник, 05 ноември 2024

Претседателката на Европскиот парламент „згрозена“ од смртта на Навални

Претседателката на Европскиот парламент „згрозена“ од смртта на Навални

Стразбур, 16 февруари 2024 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола изјави дека е „згрозена“ од смртта на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.

-Русија му ја одзеде слободата и неговиот живот, но не и достоинството, напиша Мецола на „X“.

Оддавајќи му почит на лауреатот на наградата Сахаров, награда на ЕУ за застапување на човековите права, Мецола за Навални рече дека „светот изгубил борец чија храброст ќе одекнува низ генерациите“.

-Неговата борба за демократија живее, наведе таа. мс/

фото: ЕПА/„Х“

Остани поврзан