• петок, 13 септември 2024

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, едно лице приведено

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, едно лице приведено

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - На улица „Никола Карев“ во Охрид синоќа во 20.55 часот полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.Л.(58) од Охрид.

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан