• вторник, 02 јули 2024

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне локална нестабилност со врнежи од дожд

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне локална нестабилност со врнежи од дожд
Скопје, 28 април 2021 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје  претпладне умерено облачно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 22 степена. Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Остани поврзан