• понеделник, 23 декември 2024

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 32 степена. Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.

Остани поврзан