• среда, 18 декември 2024

Препораки на Народниот правобранител за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух

Препораки на Народниот правобранител за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам, денеска на прес-конференција ќе ги промовираат согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“-Скопје.

Воедно ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух. дма/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан