Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје
- Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, ќе пристигне денеска во 16 часот во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Побожје, на Скопска Црна Гора, информира Скопската епархија на МПЦ-ОА.
Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.
По пристигнувањето ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба со која ќе началствува г.г. Стефан, а присутните ќе имаат можност да се поклонат пред чудотворната икона на Мајката Божја. са/дма/
Фото: МИА архива