• петок, 22 ноември 2024

Премиерот на Јапонија вети дека ќе ја зајакне јапонската армија, како и сојузот со САД

Премиерот на Јапонија вети дека ќе ја зајакне јапонската армија, како и сојузот со САД

Токио, 9 ноември 2024 (МИА) – Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска го повтори своето ветување дека ќе ја зајакне војската на неговата земја и ќе го продлабочи сојузот со САД за време на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Ишиба, на годишната смотра на јапонските трупи одржана во предградијата на Токио, посочи дека безбедносните услови во Јапонија, како и во целиот свет, значително се влошиле поради ескалацијата на тензиите со Кина, Русија и Северна Кореја.

Тој потсети дека кинески и руски авиони годинава го нарушиле јапонскиот воздушен простор и предупреди дека на овој начин е загрозена безбедноста на Јапонија, што, како што рече, е апсолутно неприфатливо.

Ишиба истакна дека Јапонија се соочува со зголемени закани поради забрзаната воена активност на Кина во близина на јапонските брегови, како и поради повеќекратните лансирања на проектили од Северна Кореја.

Тој вети дека ќе ја зајакне јапонската дипломатија и безбедност, наведувајќи дека јапонско-американската алијанса е клуч за постигнување на таа цел.

Ишиба рече дека се договорил за подобрување на односите со САД за време на краткиот телефонски разговор со Трамп во четвртокот.

Ишиба ја презеде функцијата на 1 октомври, заменувајќи го премиерот Фуми Кишида, но неговата владејачка коалиција претрпе голема загуба на парламентарните избори одржани на 27 март и може да се соочи со тешкотии во спроведувањето на планираните политики и буџет. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан