• петок, 22 ноември 2024

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија

Блед, 27 август 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, кој годинава е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.

Во рамки на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски ќе учествува на работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб.

Ковачевски, на Бледскиот Стратешки Форум, исто така е еден од говорниците на лидерскиот панел што ќе се одржи утре веднаш по отворањето на Форумот. На панелот ќе учествуваат и свои обраќања ќе имаат претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Во рамки на овогодинешното учество на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски ќе оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои и со специјалните претставнци за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак, на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич и со други.

Во рамки на работната посета на Словенија, претседателот на Владата ќе оствари и средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Северна Македониja. ев/лв/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан