Прекината комисиската расправа за избор на Јовевски за уставен судија
- Заврши денешната СедницРасправата на седницата на Комисијата за прашањата за избори именувања на која членовите дискутираа за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љ
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Расправата на седницата на Комисијата за прашањата за избори именувања на која членовите дискутираа за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, е прекината и нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.
Во текот на расправата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека лица како Татјана Бозаџиева и Љубомир Јовески, „не заслужуваат да бидат избрани за уставни судии“.
На претходните седници, членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда, како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.
Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав, бидејќи од девет члена на четворица им е истечен мандатот. свс/нд/