• недела, 17 ноември 2024

Презентиран систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации

Презентиран систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, пред републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски,  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорката на Оперативно-техничката генција Марија Јаническа денеска беше презентиран акредитиран комуникациско информациски систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации.

За презентираниот комуникациско-информациски систем (КИС), како што информираат од ЈОРСМ, е издаден сертификат за акредитација за ракување со национални класифицирани информации во електронска форма со степен „строго доверливо“ кој обезбедува законска, заштитена, сигурна, брза и ефикасна дигитална поврзаност, комуникација и интер-операбилност меѓу овластените и надлежни органи во процесот за спроведување на мерките за следење на комуникациите.

-Воспоставениот систем претставува реформски производ и придонесува кон унапредување на безбедноста и ефикасноста на процесите и промовирање на спроведувањето на контролата и надзорот од страна на надлежните органи и тела, чија функционалност и примена и ќе им овозможи на правосудните и овластените органи брза, ефикасна и сигурна борба со организираниот криминал и корупција, истовремено почитувајќи ги човековите права и слободи и зајакнување на довербата на јавноста како заедничка и системска заложба, се вели во соопштениет од ЈОРСМ. аа/

Фото: ЈОРСМ

Остани поврзан