• недела, 22 декември 2024

Презентација на реализираните активности за заштита и превенција од пожари на подрачје на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце

Презентација на реализираните активности за заштита и превенција од пожари на подрачје на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце

Куманово, 21 ноември 2024 (МИА) - Противпожарните единици од Куманово и од соседните општини од североисточниот регион, добија три специјализирани возила, опрема, униформи, специјализирана опрема за спарување со пожари, апликација за рана детекција на пожари. Опремата е набавена преку проект поддржан од министерството за локална самоуправа и швајцарската Влада и Амбасада.

- Заедно со Швајцарската амбасада инвестиравме 21 милион денари во набавка на три возила. Подготвивме апликација која треба да служи за рана детекција на пожарите и би требало да превенира поголеми пожари во иднина, набавена е и нова противпожарна опрема и дозволете да изразам благодарност до нашите швајцарски партнери кои над две и пол децении на ниво на локална самоуправа ни се партнери и ни помагаат по кој било да овозможуваме подобри поквалитетни услови за живот, но и за работа на оние на кои им е најпотребно, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Командирот на територијалната противпожарна единица Куманово, Дејан Илиевски рече дека опремата е исклучително важна за подобрување на функционирањето на противпожарните екипи. Преку проектот е инвестирано и во гаражниот дел на противпожарната единица во Куманово, објект стар неколку децении.

- Благодарение на поддршката од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија нашата ТППЕ Куманово доби две, а во Ранковце едно противпожарно возило специјализирано за непристапни терени. Ннабавена е опрема, униформи за гаснење шумски пожари, пожари на отворен простор, одела, шлемови, противпожарни црева, млазници, грбни пумпи и друга специјализирана опрема. Изработена е апликација за рано пријавување и детекција на пожари што се надевам дека од декември ќе почнеме да работиме со неа, со што во голема мера се подобруваат условите за работ на пожарникарите, а со тоа бенефит ќе имаат сите граѓани, изјави Илиевски.

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска кажа дека пожарникарите од Куманово кои интервенираат и помагаат на други соседни општини во справување со пожарите ќе имаат подобри услови за функционирање. Проектот е избран на граѓански форум кој го организираше Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион, Младен Протиќ рече дека самите форумски процеси имаат исклучително значење за избор на круцијални проекти, важни за граѓаните од североистокот. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан