Предлог - одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетика го помина и филтерот на собраниската ЗПК
- Предлог - одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетиката попладнево го помина и филтерот на собраниската Законодавно-правна комисија.
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) – Предлог - одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетиката попладнево го помина и филтерот на собраниската Законодавно-правна комисија.
Се очекува пратениците на пленарна седница да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетика од 1 октомври до 30 април 2023 година.
Претходно и собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја одобри Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба на територија на земјава и Градот Скопје поради недостиг на електрична и топлинска енергија. ки/дма/