• петок, 22 ноември 2024

Предлог законот за дополнување на Законот за служба во АРМ го помина комисискиот филтер

Предлог законот за дополнување на Законот за служба во АРМ го помина комисискиот филтер

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) – Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница дадода поддршка за Предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Како што беше нагласено на седницата, целта на предложеното законско дополнување е регулирање на одредени законски не усогласувања со потребите на пензионираниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, и истиот се заснова на истите начела на кој што се заснова и Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

-Во Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија број„171/22 ) во член 31 по ставот (6) се додаваат два нови ставови (7) и (8), кои гласат: „(7) На корисникот на пензија кој е избран или именуван во државните органи односно засновал работен однос пензијата му се става во мирување до денот на завршување на мандатот односно престанок на работниот однос. (8) По завршување на мандатот на избраното или именуваното лице односно престанокот на работниот однос, му се воспоставува исплатата на пензијата по негово барање. Новиот износ на пензија ќе се пресмета земајќи ги во предвид сите дополнителни години пензиски стаж. Доколку ново утврдениот износ го надминува највисокиот износ на пензијата ќе се исплатува највисокиот износ на пензијата одреден за годината кога повторно се воспоставува исплатата на пензијата“, стои во образложението на Предлог-законот.

Во рамки на денешната седница, членовите на Комисијата ја изгласаа Одлуката за испраќање на двајца припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, за период од шест месеци, сметано од февруари до август 2024 година. Како што стои во Одлуката, финансиските трошоци за транспорт, плати и надоместоци на плати и логистичките трошоци на припадниците на Армијата за учество во меѓународната операција, ги обезбедува Министерството за одбрана. Подготовките и организацијата на припадниците на Армијата за учество во меѓународната операција, ги врши Министерството за одбрана.фф/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан