• вторник, 24 декември 2024

Предлог на законот за изменување на Законот за спорт го помина комисискиот филтер

Предлог на законот за изменување на Законот за спорт го помина комисискиот филтер

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт на денешната седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка предложен од Владата.

Како што стои во образложението, Предлог измените на Законот за спорт се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.

-Co законот за спорт се уредуваат условите и начинот на вршењето на дејноста спорт заради остварување на јавниот интерес во спортот во надлежност на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје,
стопанисувањето со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и други прашања од значење за спортот. Спортот претставува дејност која ги опфаќа сите форми на
спортски активности на спортистите од сите возрасти, како и спортско - рекреативните активности на граѓаните. Дејноста спорт ја вршат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот. Заради остварување на
потребите за занимавање со активности и заштита на правата и интересите од областа на спортот, граѓаните можат слободно и доброволно да се здружуваат и основаат спортски здруженија, под услови и на начин утврдени со закон, доколку со
овој закон поинаку не е определено, се наведува во образложението за Предлог-законот за спорт.фф/ев/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан