Предлогот за избор на уставни судии на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На првата 20 -та седница, Комисијата треба да ја утврди Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември".
По завршување на оваа седница закажано е продолжението на 13-та седница на која членовите на Комисијата треба да дискутираат по Предлогот за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. цр/бак/