• среда, 18 декември 2024

Предавање и промоција на книгата „Панк суперматизам“ на КРИК фестивал

Предавање и промоција на книгата „Панк суперматизам“ на КРИК фестивал
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува денеска во социјалниот центар „Дуња“, на кој ќе гостуваат Бен Вотсон (Велика Британија) и Сезгин Бојник (Косово, Финска). Бен Вотсон ќе одржи панк поетско предавање за неговите искуства во Лидс 1979-1993 година, кога панкот беше поврзан со „Ф Клубот“, а потоа „Рок против расизмот“, кога локалните скинхедси погрешно ги толкуваа свастиките на Вивиен Вествуд, мислејќи дека панкот е фашистички. Тој се сретнал со Секс Пистолс непосредно пред да заминат од Велика Британија и да се разделат и бил импресиониран од плочите во тој период - неговата прва средба со даб регето. Не толку фокусиран на историјата, Бен ќе се задржи на релевантната уметност на нашето време со која се занимавал во децениите кога пишувал за џезот и слободната импровизација за магазинот „Wire“. Тој ќе говори и за начинот на кој го води својот бенд (AMM All-Stars) денес - и неговите музички избори за неговите неделни радио емитувања. Бен Вотсон е британски писател за музика и култура со марксистички погледи, познат особено по неговите дела за Френк Запа. Тој е добро познат и како редовен соработник на списанието „The Wire“ и како автор на бројни книги, кои честопати вклучуваат студии за популарната култура од перспектива на марксистичката естетика. Сезгин Бојник ќе ја претстави публикацијата „Панк супрематизам“, која го вклучува првиот англиски превод на теоретски дела за панкот, уметноста, социјализмот, бирократијата и национализмот од Славој Жижек, Растко Мочник и Зоја Скушек. Напишани во првата половина на осумдесеттите, овие текстови се единствена мешавина на панк став со теоретски концепти позајмени од Алтусер, Лакан и авангардната уметност. Напишани во турбулентен период на југословенскиот социјализам, овие текстови се обидуваа да ја разберат политичката важност на панкот како масовно движење на осиромашената младина. „Панк супрематизам“ е првиот том од серијата истражувања на панк иницирани од „Rab-Rab Press“. Серијата тргнува од идејата дека панкот е пауза, а ќе се фокусира на панкот како нешто целосно одвоено од буржоаската култура. Сезгин Бојник е основач на „Rab-Rab Press“ во Хелсинки и основач на „Pyke-Presje“ во Призрен. КРИК – фестивалот за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси. Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социокултурниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми. Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност. Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад. Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн. Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Allianz Kulturstiftung и Креативна Европа.фф/лв/

Остани поврзан