Превентивна активност „До Вас, за Вас“ на МВР во Охрид
- Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал...
Охрид, 24 јули 2025 (МИА) – Со насока приближување на полицијата до граѓаните, во рамки на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“ утре во Охрид ќе биде реализирана превентивната национална кампања „До Вас, за Вас“.
Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал...
Кампањата е од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните ќе можат да ги следат и да учествуваат од 18:30 часот на Градското пристаниште и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид.
Активноста ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јане, а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР - Охрид, Граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, „Црвен крст“ и Територијалната протипожарна еднница од Охрид.
На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид за посетителите ќе бидат изложени дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи. аб/дма/
Фото: МИА архива