Прв смртен случај од Ковид-19 во САД
- Во САД е потврден првиот смртен случај од новиот коронавирус.
Вашингтон, 29 февруари 2020 (МИА) - Во САД е потврден првиот смртен случај од новиот коронавирус.
Властите во државата Вашингтон потврдија дека едно лице починало од Ковид-19, но без да соопштат други детали, освен дека пациентот бил од област во близина на Сиетл. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Со денешните четири нови случаи на зараза, во САД вкупно 19 лица се инфицирани од Ковид-19. ссм/