• недела, 17 ноември 2024

Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе

Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе

Штип, 3 април 2023 (МИА) - Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.

- Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение, кој бил во контакт со 13 месечното дете. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МРП направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки, вели Димитрова.

Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.

МИА пред три месеци пренесе дека лекарите алармираат оти се заканува епидемија од морбили или меѓу народот позната како мали сипаници. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници. Се очекува утре да се состане и Комисијата за заразни болести, за мерки, да се спречи ширењето на овој вирус. вдј/ир

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан