• вторник, 09 јули 2024

Прво четвртфинале за Фернандез на Ролан Гарос

Прво четвртфинале за Фернандез на Ролан Гарос
Париз, 29 мај 2022 (МИА) – Канадската тенисерка Лејла Фернандез денес на Ролан Гарос за 1 час и 54 минути ја победи Аманда Анисимова од САД со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:3 и се пласираше во четвртфиналето. За 18-та на ВТА ранг-листата ова е прво изборено четвртфинале во Париз и второ во кариерата на Грен слем турниритеот. Првиот пат беше на УС Опен-2021, каде што во финалето загуби од Ема Радукан. Фернандез првпат на земјена подлога стигна до четвртфиналето од главната рунда. Претходно, таа стигна до оваа фаза само на ИТФ турнирот во Канбера во 2019 година. За пласман во полуфиналето Фернандез ќе се соочи со италијанската тенисерка Мартина Тревисан. зс/

Остани поврзан