• сабота, 21 декември 2024

Први смарт водомери за вода за пиење во Кавадарци  

Први смарт водомери за вода за пиење во Кавадарци  

Кавадарци, 23 јули 2024 (МИА) - Први 400 смарт водомери за вода за пиење се обезбедени во Кавадарци, тоа ќе значи почеток на дигитализација при водните услуги во општината, изјави за МИА, Гоце Ангеловски, директор на јавното претпријатие Комуналец" од овој град.  

- Денеска Ј.П. „Комуналец" Кавадарци ја прими донацијата – 400 смарт водомери во вредност од 75.000 евра, во рамките на проектот „Дигитална трансформација на јавните водни услуги’’, во соработка со ГИЗ Германски институт за техничка соработка и Македонски телеком, информираа претходно во текот на денот и од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Ангеловски за МИА истакна дека со ова ќе се намалат загубите и злоупотребите на вода за пиење, а ќе се олесни работата на претпријатието. 

- Истовремено ќе им олесни и на корисниците на вода за пиење бидејќи потрошената вода ќе им се пресметува точно, на дигитален начин и отчитувањето на водомерите ќе биде на далечински начин и нема да има потреба од доаѓање на инкасант по домовите. Вакви водомери најпрвин ќе добијат домаќинствата што имаат најстари мерачи на потрошена вода за пиење, како и тие што од различни причини немаат водомери па досега плаќале паушално, додаде Ангеловски.

Тој подвлече дека во рамките на овој проект за дигитална трансформација на претпријатијата, односно со имплементирање на водомерите со далечинско отчитување, ќе се подобри мерењето на потрошувачката на вода на корисниците, отчитувањето на мерењето може да се оствари многу поедноставно и брзо на долгорочен план.

- Во иднина може да имаме  подобра контрола на неконтролирана потрошувачка и загубите на вода, истакна Ангеловски. свд/сст/


Фото : Гоце Ангеловски 
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан