• понеделник, 23 декември 2024

Првенец во Серија А: Елмас погоди за Наполи и заплака од среќа

Првенец во Серија А: Елмас погоди за Наполи и заплака од среќа
Џенова, 3 февруари 2020 (МИА) - Елиф Елмас го постигна првенец во Наполи во Серија А. Македонскиот репрезентативец го прослави на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Сампдорија во последниот меч од 22. коло.
Елмас е во стартниот состав на наполитанците во мечот што е во тек и во листата на стрелци се впиша во 16. минута по асистенција на Ди Лоренцо. Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.
Наполи води на полувреме со 2:1. Првиот гол за гостите беше дело на Аркадиуш Милик во третата минута, Елмас зголеми на 2:0 во 16. минута, а голот за домашните го реализира Фабио Квалјарела во 26. минута од пенал. сѓд/мд/

Остани поврзан