• сабота, 06 декември 2025

Прва самостојна изложба на скулпторот Озбек Ајваз на 23 август

Прва самостојна изложба на скулпторот Озбек Ајваз на 23 август

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Во Мобилна/монтажна галерија на Центарот за современи уметности во Паркот на Франкофонијата во Скопје на 23 август ќе биде отворена првата самостојна изложба „Мрак“ на скулпторот Озбек Ајваз, на која ќе бидат изложени скулптури изработени од рециклирано железо.

-Среде темнината што се шири, една сијалица се појавува како симбол на надеж. Неjзиниот нежен сјај се пробива низ мракот, кој го открива патот пред нас, давајќи чувство на утеха, се вели во соопштението на скулпторот.

Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура со логистичка поддршка од Општина Центар и Центарот за современи уметности Скопје.

Озбек Ајваз е роден 1999 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот вајарство. Од 2019 година учествува на повеќе групни изложби, симпозиуми и колонии во земјава, Турција, Косово и Црна Гора. Во 2021 година ја добива наградата за надежен млад уметник во Истанбул.

Скулптурите кои ги изработува се од рециклирано железо во апстрактна и геометриска форма. бт/бак/

 

Остани поврзан