• понеделник, 15 декември 2025

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата како солидарност за семејствата на загинатите во Кочани

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата како солидарност за семејствата на загинатите во Кочани

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Пратениците на Левица ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани.

-Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените. Дополнително, сметаме дека поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка отуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет. Во исто време, сведоци сме на луксузирањето и развратот на Владата, додека народот се бори со трагедии и економска несигурност, соопшти партијата.

Според Левица, оваа донација не ја менува реалноста, државата мора да има социјално проактивна Влада и функционално Собрание кои навремено ќе реагираат и ќе овозможат поддршка на оние на кои им е најпотребна.

-Само со одговорни и правични политики можеме да изградиме општество во кое нема да се потпираме на поединечна помош, туку на силни и праведни институции, наведува Левица. мч/дма/

фото: Левица

Остани поврзан