• петок, 22 ноември 2024

Празнување по повод 100 години од возобновување на црквата Света Петка во тетовско Стенче

Празнување по повод 100 години од возобновување на црквата Света Петка во тетовско Стенче

Тетово, 21 април 2023 (МИА) - Голем број верници дојдоа денеска во тетовско Стенче на празнувањето кое се организираше по повод 100 години од возобновувањето на црквата Света Петка, која се наоѓа на Сува Гора.

Празничната литругија ја отслужија свештениците Ненад Ѓорѓески и Илија Депостовски, по што се одржа водосвет и режење на кумските колачи. На пладне почна заедничка братска и сестринска трпеза на љубовта и сеопшта народна веселба.

енот беше одбележан славенички, голема благодарност до сите кои помогнаа во обновата, до сите верници кои го посетија храмот, информираше Петре Гроздановски, благајник на Црковниот одбор.

Во пресрет на одбележувањето на едновековниот јубилеј Црковниот одбор изврши подновување на црковната околина и инфраструктура односно се постави црковно ѕвоно - камбана, нова влезна врата и летниковец.

Црквата Света Петка, која датира од 1923 година се наоѓа во планински предел над селото на планината Сува Гора. Од 2018 година црквата Света Петка е една од дестинациите на планинарско-рекреативната пешачка акција „Милениумска патека“. ас/вг/

 

Фото: Црковен одбор 

Остани поврзан