• вторник, 19 ноември 2024

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 10 часот и 07 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан