• петок, 22 ноември 2024

Почнува 6. Регионална универзитетска школа за безбедност

Почнува 6. Регионална универзитетска школа за безбедност
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) -   „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на Западен  Балкан“, е темата на тридневната Регионална универзитетска школа за безбедност, што ќе се одржува од денеска во Скопје, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија, Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Фокусирајќи се на државите од Западниот Балкан  на меѓународниот форум од областа на безбедноста ќе се процени влијанието на новите државни актери и играчи што може негативно да влијае на европеизацијата и консолидација на регионот на Југоисточна Европа. Во рамки на свеченото отворање, соопштуваат организаторите, воведни предавања и обраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, д-р Ханс-Герт Потеринг, поранешен претседател на Европскиот парламент и висок претставник за европски прашања при Фондацијата „Конрад Аденауер“, Берлин, СР Германија,  Вернер Фаслабенд, претседател на Академскиот совет на Центарот на Европско образование Вилфред Мартенс од Брисел и поранешен министер за одбрана на Австрија, проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО, како и амбасадорките на Германија, Анке Холштајн и на САД Кејт Мари Брнс. Организаторите информираат дека на тридневната конференција која ќе се одржи на хибриден начин, активно ќе учествуваат истакнати експерти и студенти од СР Германија, Австрија, Белгија, Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Грција, Република Србија. Овој голем настан од особено значење за безбедноста и надворешната политика  Фондацијата „Конрад Аденауер“ го организира шеста година по ред со Универзитетот „Св.Климент Охридски“, а проектот е поддржан и од  Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.фф/лв/

Остани поврзан