• петок, 08 ноември 2024

Почнува судењето за сексуална злоупотреба против Кевин Спејси во Лондон

Почнува судењето за сексуална злоупотреба против Кевин Спејси во Лондон

Лондон, 28 јуни 2023 (МИА) - Двојниот оскаровец Кевин Спејси денеска оди на судење во Лондон, Велика Британија, под обвинение дека пред околу 20 години сексуално нападнал четворица мажи.

Инаку, 63-годишниот Американец се изјасни невин по десетина точки од обвинението, вклучително и за сексуален напад и поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.

Доколку биде прогласен за виновен, познатиот глумец може да биде осуден на неколку години затвор.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан