Почна средбата на партиските работни групи за европскиот предлог
- Во Клубот на пратениците денеска попладне започна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) – Во Клубот на пратениците денеска попладне започна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.
Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста.
Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС. фф/аа/