• недела, 19 мај 2024

Почна реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бунарџик

Почна реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бунарџик

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Општина Илинден почна со комплетна реконструкција на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бунарџик.

На фудбалското игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Бунарџик.

Како што информира Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на работните активности на фудбалското игралиште. Притоа истакна дека со реконструкцијата на игралиштето младите од ова населено место ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

- Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината, се наведува во соопштението од Општина Илинден. мд/свс/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан