• петок, 22 ноември 2024

Почна проектот за осветлување на кејот на река Отиња во Штип

Почна проектот за осветлување на кејот на река Отиња во Штип

Штип, 20 ноември 2023 (МИА) - Почнат е проектот за осветлување на коритото на река Отиња, низ централното грдаско подрачје на Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека нови 170 канделабри ќе го осветлуваат кејот на река Отиња. Посочи дека градежните активности на терен се започнати, а се очекува да завршат до крајот на оваа година. Станува збор за инвестиција на Општина Штип во соработка со УНДП, во вредност од шест милиони денари.

-Општина Штип во изминатиот период заеедно со УНДП започна проект за целосно осветлување на коритотот на река Отиња, којшто проект е вреден 6 милиони денари. Проектот и идејата е од форумите кои се направени со граѓаните и потребата која ја нотираат граѓаните за целосно осветлување на кејот на река Отиња. До крајот на годината очекувам да заврши проектот со едно модерно решение со поставување на повеќе од 170 канделабри и лед светилки низводно на река Отиња од двете страни, вели Јорданов.

Тој истакна дека предвидено е освен  осветлување на кејот на река Отиња, коритото целосно да се уреди со нови над 1.500 садници, како и да се постават нови клупи и урбана опрема. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан