• сабота, 06 декември 2025

Почна поставувањето на бекатон плочки на повеќе улици во Куманово

Почна поставувањето на бекатон  плочки на повеќе улици во Куманово

Куманово, 6 август 2025 (МИА) - Почна поставување на бекатон плочки на повеќе улици во приградските населби во Куманово, соопштија денеска надлежните од општината. Како што информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, бекатон плочки се поставени на неколку улици во населбата Карпош.

- Завршивме со поставување на бекатонски плочки на улица „39“ во населба Карпош. Претходно завршено е на улицата „35“ во истата населба, соопшти Димитриевски.

За поефикасно извршување на градежните активности, градот е поделен на источна и западна зона, објаснија претходно од секторот за комунални дејности. Оттаму додаваат дека општина Куманово склучи договор со две компании од општина Липково и од Скопје за поставување на бекатон плочки на повеќе локации во градот, особено во приградските населби на помали улици или на краци од централните улици. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се нешто над 36 милиони денари, односно двете компании одделно ќе користат над 17 милиони денари за санација на улиците. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан